Двајца турски војници загинаа, а двајца други се ранети во напад врз нивното оклопно возило во северна Сирија, по што турските сили возвратија на огнот, јави синоќа турското Министерство за одбрана.

Нападот се случил во регионот каде што Турција во 2016 година ја почна прекуграничната операција „Штитот на Еуфрат“,  чија цел беше одбивање на терористичката група Исламска држава и курдската милиција во Сирија (ЈПГ).

Турските медиуми јавија дека нападот се случил во областа ал-Баб.

Анкара, која се уште е присутна во северна Сирија, курдската милиција (ЈПГ) ја смета за терористичка група, поврзана со вооружени бунтовници во Турција.