Најмалку 40 цивилисе  убиени во синоќешните рации и воздушни напади на авганистанските специјални сили насочени против талибанските засолништа во јужната провинција Хелманд, изјави денеска претставникот на локалните власти Абдул Маџед Акханд.

Тој рече дека повеќето од загинатите во синоќешните напади биле жени и деца кои биле на свадба во округот Муса Кала, контролиран од Талибанците и додаде дека уште 12 цивили се повредени и се наоѓаат во болница во Лашкаргах, главниот град на провинцијата Хелманд.
Американската војска соопшти дека во нападите биле убиени 22 Талибанци.