Во Ресен денеска ќе почне 20-тата традиционална дводневна манифестација „Преспански  јаболкобер 2020“ .

Манифестацијата, информираат од Општина Ресен, е поврзана со празнувањето на Православниот христијански празник Крстовден и воедно претставува традиционален почеток на бербата на јаболката во Преспа.

Свечено откинување на првото јаболко, кое ќе се одржи  утре во 11 часот, на овошниот насад Свислион Агроплод, Ресен.