Турските обвинители издадоа налози за апсења на 241 осомничен за поврзаност со екстремистички групи, меѓу кои и Исламска држава. Во рациите на полицијата и жандармеријата во Анкара приведени се 209 лица.

Апсењата се спроведени пред Самитот на НАТО, што на 7 и 8 јули треба да се одржи во главниот град на Турција, Анкара.

Помеѓу приведените, 56 лица се осомничени за поврзаност со ИД, а уапсени се и 35 членови на ултралевичарската Револуционерно народноослободителната партија/фронт, која извршува вооружени напади и атентати во Турција.

Турција планира строги безбедносни мерки за време на Самитот на НАТО, меѓу кои и забрана за демонстрации, ограничувања на патиштата кон аеродромот, како и затворање на подрачјето каде ќе се одржува Самитот и хотелите каде ќе бидат сместени делегациите.