Мртов полицициски службеник вчера попладне беше пронајден во Прилеп. Како што е соопштено надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника од полициската станица Прилеп извршиле увид на местото на настанот во близина на локалниот пат село Беловодица – село Дрен, каде вчера попладнето беше пронајден мртов 45-годишниот вработен во Полициска станица во Прилеп.
Како што информираат од Основното јавно обвинителство, лицето е пронајдено во лежечка положба до неговото возило, со прострелна рана во главата и службениот пиштол во раката. Притоа јавниот обвинител издал наредба за подигање на предмети и траги кои можат да послужат како доказ и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртта.