Во просечен натпревар, македонската репрезентација загуби од Хрватска во третиот натпревар од СП во ракомет во Германија со 31:22.

Нашата репрезентација одигра слабо во одбраната, во првото полувреме прими 16, а во второто 15 голови. Наспроти тоа имаше премногу промашувања во нападот, па во двете полувремиња постигна само по 11 голови или вкупно 22.

Сепак, очигледно беше дека хрватската репрезентација е поквалитетна во овој момент, а нам ни остануваат уште два натпревари, задутре со Шпанија и во четврток со Исланд.

Натпреварот со Исланд ќе биде решавачки за нашиот понатамошен пласман, со оглед на очекуваниот пораз од Шпанија.