Личното богатство на највлијателните луѓе во светот  минатата година се зголеми за 12 отсто, на 202 000 милијарда долари.
Нивното богатство се зголеми благодарение на скокот на акцвиите на берзата и послабиот долар, се вели во годишниот извештај на консултантската компанија Бостон Консалтинг Груп.

Тоа значи дека во рацете на милионерите сега е половината од вкупното глобално лично богатство, што е повеќе од 45-те проценти од 2012 година, се вели во извештајот.

Иако жителите на Северна Америка имаат најголемо учество во тоа богатство (43 проценти), најбрз раст на богатството е регистриран во Азија, Латинска Америка и на Блискиот Исток.

Повеќето супер богати живеат во САД, Кина и Јапонија.

Годишното истражување наБостон Консалтинг Груп, исто така, покажа дека во 2017 година Швајцарија ја задржа позицијата на најголем центар за управување со имотот во офшор зоните, со вкупна вредност од 2300 милијарди долари.

Следува Хонг Конг со 1100 милијарди долари имот поверен на управување, па Сингапур со 900 милијарди долари.

Повеќе од 35 милиони Американци поседуваат имот вреден од 250 000 до 1 милион долари.