Министерствотото за трговија на Народна Република Кина денес соопшти дека „Кина нема друга можност освен да возврати“, откако САД ги објавија царините за увоз на кинески стоки од 25 проценти. Админстрацијата на Доналд Трамп ќе удри по кинескиот увоз на технолошки производи.

„Кина не сака трговска војна, но кинеската страна нема друга можност совен цврсто да се спротистави на тоа заради кусогледото однесување на САД кое ќе им наштети на двете страни“, се вели во соопштението на Министерството.

Овој коментар уследи само неколку минути оркако Трамп воведе царини на увоз од 25 проценти на кинески стоки „кои содржат значителни индустриски технологии“, мерка која е воведена како одговор на крадењето индустриска сопственост.

„Во светлина на кинеското крадење интелектуална сопственост и на други нефер индустриски практики, САД ќе воведат царини во висина од 25 проценти на стоки од Кина во вредност од 50 милијарди долари кои содржат напредна индустриска технологија“, се вели во соопштението од американскиот претседател.

Белат куќа предупредува дека доколку Пекинг воведе контрамерки, со царинење на американскки стоки, услуги или земјоделски производи, администрацијата ќе воведе нови царини.

Мерките на Вашингтон ќе стапат во сила на 6 јули и со нив ќе се опфатат и кинеските призводи кои се продаваат со еткикетата „Произведено во Кина 2025“.