Синоќа во периодот од 22 до 4 часот изутринава, на територијата на град Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај во содејство со полициски службеници од други сектори и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при МВР, спроведоа акциска контрола во патниот сообраќај за откривање на возачи кои управувале возила под дејство на алкохол.

Притоа, санкционирани се 100 возачи, кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 51 останат прекршок за што се изречени соодветни санкции.