Во Словенија е потврден првиот случај на мајмунски сипаници, јави Н1 Словенија. Според медиумот, станува збор за маж кој се вратил од Канарските Острови.
Пациентот не бил хоспитализиран на Инфективната клиника на Универзитетскиот медицински центар Љубљана и веројатно може да се констатира дека се работи за полесна форма на болеста. Словенечкиот национален институт за јавно здравје се очекува денеска да објави повеќе информации.