Светската популација на насилно раселени лица лани пораснала за 2,9 милиони, а рекордот достигнал 68,5 милиони како резултат на вонсудски казни, конфликти или насилство, се вели во извештај на ОН објавен денес.
Според вискиот комесар за бегалци (УНХЦР) агенцијата на ОН, во светот во моментов има 25,4 милиони бегалци, 40 милиони внатрешно раслени лица и 3,1 милиони баратели на азил.
Значителните нови насилни преселби во кои се зафатени милиони луѓе се забележани во ДР Конго и во Мјанмар, а се уште не се спречени раселувањата од конфликтот во Сирија.
Агенцијата Анаолија објави дека според извештајот, Турција е домаќин на најголем број бегалци во светот, со 3,5 милиони луѓе – повеето од нив бегалци од Сирија.
На вотор место е Пакиста со 1,4 милиони, а потоа следуваат Уганда со 1,4 милиони и Либан со речсии еден милион.Две третини од бегалците во светот се од пет држави: Сирија-6,3 милиони, Авганистан – 2,6, Јужен Судан – 2,4, Мјанмар – 1,2 милиони и Сомалија 986,400.
Половина од бегалката популација се деца под 18 години.