Пратеникот на папата, кардиналот Конрад Крајевски, вчера бил нападнат додека доставувал хуманитарна помош во име на поглаварот на Католичка црква во близина на украинскиот град Запорожје, објави „Ватикан њуз“.

Кога завршиле со достава на помош за локалните жители, било пукано врз кардиналот Крајевски и неговата придружба.

Во инцидентот никој не е повреден.

Тоа е четврта посета на полскиот кардинал на Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Тој прво ја посети Одеса, а потоа и Запорожје, а предвидено беше да го посети и Харков.