Најмалку десет лица се повредени синоќа при оружен напад во англискиот град Манчестер, јави ДПА.

Полицијата пристигнала на местото на инцидентот во квартот Мос Сајд во 02:30 часот по полноќ, по добиена информација за пукотници.

Настраданите, кои биле веднаш хоспитализирани, имаат различен степен на повреди.

Инцидентот се случил неколку часа по завршувањето на Карипскиот карневал, кој се одржувал во квартот.

Други детали за случајот засега не се соопштуваат, а истрагата е во тек.