Прелетување на рускиот воен авион Ту-124 преку американскиот воен разурнувач во текот на вежбите на НАТО во Скандинавија ги изненади сите, пишува Раша тудеј.
– Тоа беше извиндички авион за поморска патрола, изјави еден од маринците.
Ова беше единствена прилика американските војници да го видат авионот кој НАТО го марекува Мечка-Ф.
Руското министерство за одбрана потврди дека два воени авиони Ту -124 го извеле претходно планираниот лет во неутралните води на Нпрвешко Море. Тие минале 12 часа во воздух и успешно се вратиле во руската воена база.
Прелетите се изведени во состав на руските воени вежби во кои руската морнарица ги тестира воените проектили западно од норвешките островски градови Кристијансанд, Молд и Алесанд.
Заапдни медиуми, меѓу кои и Сан, наведуваат дека рускиот авион „ризикувал сеопшт судир со НАТО, ако не и трета светска војна“.
Најголемите воени вежби на НАТО се одржуваат од 25 октомври до 7 ноември во Норвешка, со примена на хипотетичко сценарио повторно воспоставување суверенитет по напад на фиктивен агресор.
НАТО ја повика Русија да ги надгледува воените вежби, но Русија тоа го одбила, пренесуваат медиумите.