Генералштабот на АРМ информира дека во текот на денешниот ден потврдени се два случаи на припaдници на Армијата кај кои на тестот за Ковид 19 се покажани позитивни параметри. И двата припадници ( подофицер и војник) извршуваат работни задачи во гарнизонот Скопје, од кои едниот припадник извршувал работни задачи во воениот ресторан во касарната Илинден како помошен персонал.
Веднаш по сознанието за случајот на војничкиот ресторан извршена е целосна дезинфекција на истиот и преземени се сите потребни заштитно здравствено епидемиолошки мерки, а ресторанот ќе биде затворен наредните 24 часа при што на персоналот ќе му биде делен сув оброк. На целокупниот персонал за кој се претпоставува дека бил во контакт со лицето му е одредена изолација, и истиот е од утре ќе биде сменет со комплетно нов персонал, се наведува во соопштението.
Од ГШ велат дека двајцата припадници кај кои е откриен позитивен наод, веќе претходните неколку денови биле превентивно во самоизолација откако членови на нивните семејства се посомневале во симптомите на можно постоење на Ковид 19.
И двата припадници не биле во странство. Армијата во изминатиот период целосно ги пoчитува препораките од министерството за здравство при што одреден број припадници превентивно се повлечени во самоизолација и при самото сомневање.