Војо ДИМОСКИ

Некое алчно копиле од отпадите на цивилизирана Европа набавило евтин канцероген мазут.

Друго копиле истиот мазут го согорувало во своите печки, задоволно делејќи го профитот со првото копиле. Трошки од профитот имало и за цариникот што ги пропуштил цистерните на смртта, но и да се замижат очите на обвинителот кому новинарите по којзнае кој пат му ги сервирале сите докази за криминалот.

Загадениот воздух, како нуспојава на бомбона бизнисот, ја полнел Онкологија, каде заради личен профит некој лекар наместо лекови на болните им давал солена вода. Лековите ги продавал за пари од кои им плаќал луксузни одмори на сопствените размазени дечишта на тој начин заробувајќи ја и нивната душа во мрежите на нечестивиот.

Онкологија, модуларни болници, канцероген мазут… Сето тоа се жртвеници на кои се принесуваат дарови на богот на алчноста.

Нема место за оптимизам дека ова судство и ова обвинителство ќе решат нешто од ова. Да бидиме реални!