Екипата на Челси славеше со 1:0 на гостувањето против Малме во четвртото коло од групната фаза од Лигата на шампионите.

Стрелец на единствениот погодок на средбата беше Хаким Зијеш во 56. минута.

Со оваа победа, Челси дојде на чекор до пласман во нокаут фазата и ќе чека победа на Јувентус на натпреварот со Зенит за и официјално двата клуба да си ја завршат работата на две кола до крајот на групната фаза.

На оваа средба 88. минути на теренот помина македонскиот репрезентативец, Ердал Ракип кој беше во стартниот состав на Јон Дал Томасон.

Од 18:45 часот се играше уште еден натпревар од Лигата на шампионите во кој Волфсбург со 2:1 славеше против Салцбург.