Генералниот директор на Волт Дизни – Боб Ајгер неодложно ја напушта позицијата, соопштија денеска оттаму.
Компанијата како негова замена, го именуваше Боб Чапек. Тој доскоро беше раководител на Дизни парковите.
Познавачите истакнуваат дека овој потег е неочекуван, оти Ајгер ја водеше фирмата низ успешната купопродажба на „Војна на ѕвездите“, „Марвел“ и дел од забавната програма на Фокс. Тој ќе остане во компанијата како раководител на креативниот сектор до истекот на договорот на 31 декември 2021 година.
Чапек е седми генерален директор во историјата на Дизни.
Ајгер беше назначен за генерален директор на компанијата 2005 година, наследувајќи го долгогодишниот шеф Мајкл Ајснер. Во 2018., Ајгер беше втор најплатен генерален директор со заработени 65,5 милиони долари, по Дејвид Заслав од Дискавери кој заработи 129,5 милиони долари.
Независната директорка на управниот одбор на Дизни, Сузан Арнолд рече дека неколку години се планирала смена на врвот.