Јужен Судан денеска прогласи вонредна стостојба по поплавите во кои загинаа девет лица, а раселени се 25 илјади.

Вонредна состојба е прогласена во 27 од 32 држави во таа источноафриканска земја, откако поројните дождови поплавија многу села, соопшти претседателот Салва Кир.

Тој прецизираше дека вонредна состојба е прогласена со цел да им се овозможи на хуманитарните агенции и волонтерите пристап до луѓето погодени од поплавите.