Невреме проследено со силни и чести грмежи, силен ветер, интензивен пороен дожд и гррад од викендов па натаму ќе го зафати поголемиот дел од Балканскиот Полуостров и истото ќе услови локално и значително киличество на воден талог како и услови за локални поплавувања.

Значителна нестабилна и влажна воздушна маса ќе ја зафати и државава и ќе условува честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град. Локално ќе наврне значително количество на воден талог со што има услови да дојде и до локални поплавувања. И понатаму ќе бидеме под топла воздушнма маса па така токму поради ова атмосферата ќе биде загреана а температурите на воздухот ќе бидат идентични како овие што ги имаме во моментот.