Маскирано и вооружено лице вчера извршило грабеж во казиното „Стар“ во Дебар, кое се наоѓа на главната улица „8 Септември“ во градот.

Според полициски извор разбојникот насилно влегол во објектот и под закана со пиштол одзел, според првичните информации, голема сума на пари.

-Разбојништвото, во Полициската станица од општа надлежност во Дебар, е прјавено на 15 април во 4:50 часот. Се преземаат потребните мерки за пронаоѓање на сторителот, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Во постапката ќе бидат користени и снимките од безбедносните камери.