На воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ во Батајница слета уште еден транспортен авион C295MW наменет за Военото воздухопловство и против-воздушните одбранбени сили на Војската на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Со ова се заокружува испораката на двата авиони од овој тип во Србија, кои беа договорени на 23 февруари минатата година, пренесува порталот Танго сикс.

Како што се наведува, станува збор за авион со регистарски број 29502 (фабрички број 223), кој слетал на аеродромот Батајница во вторникот околу 17:30 часот.

Целиот пакет за набавка Србија ја чинеше 81 милион евра, од кои само авионите изнесуваат 66 милиони, додека остатокот се однесува на обука, опрема и резервни делови.

C295MW ќе ја замени единствената преостаната активна советска копија на авионот Антонов Ан-26, кој се користи од 1984 година, во 138-та транспортна ескадрила „Роде“, на воздухопловната бригада.