Повеќе портали денеска објавија вест дека поранешната ТВ А1 во сопственост на бизнисменот Велија Рамковски наскоро повторно ќе стартува.

Како што објави порталот Скопје 1, според свои извори, во повторното активирање на девет години згасната на ТВ А1, наводно, освен поранешниот газда Рамковски ќе учествувале и други лица. Но, оваа информацијата засега не е потврдена.

ТВ А1 почна да зрачи сигнал на 20 јануари 1993 година, а престана со работа на 30 јули 2011 година со одлука на Агенцијата за електронски комуникации.