СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.М.(49) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, на социјалната мрежа Фејсбук, на објава поставена од еден портал, објавил коментар со содржина со која „промовирал и поттикнувал омраза и насилство“.

Инаку, во време на бивша СФРЈ постоеше кривично дело за вербален деликт, па вицовите за Тито се кажуваа внимателно, да не чујат душманите. Подоцна тн. вербален деликт беше избришан од законот.

Денес, пак, како да се враќаат „демократските времиња“ кога и за „Таче и Славјанка, за ЕУ или НАТО“, треба да внимаваме каде и кому раскажуваме виц ако не сакаме да ни стогне кривична пријава.