Времето во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната температура од 26 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до 19, а дневната температура до 34 степени.

Во следните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со мала доумерена локална облачност.