Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Од УХМР информираа дека во петок и сабота ќе има услови за појава на магла по котлините и слаб локален дожд. Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни и пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер (над 60 km/h).

Утрово до 7 часот со – 2 степени Целзиусови е најстудено на Попова Шапка, со снежна покривка во висина од 40 сантиметри, додека 8 степени се измерени во Демир Капија и Гевгелија.

Во Маврови Анови и Лазарополе се измерени – 1 степен, во Крушево 1, 2 во Берово, 3 степени во Дебар, 4 во Тетово, Претор, Битола, Прилеп и во Куманово, 5 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Крива Паланка, Охрид, Штип и Виница, 6 Кавадарци и 7 степени во Струмица.

Во изминатите 24 часа, како што соопштија од УХМР, најмногу дожд имало во Битола, Пожаране, Маврови Анови и Попова Шапка со 4 литри на метар квадратен, 3 во Тетово, Претор, Гевгелија, Крушево, 2 во Прилеп и Кавадарци и 1 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, Куманово, Берово, Пожаране и Лазарополе.

Висината на снежната покривка е 37 сантиметри во Маврови Анови, 18 во Крушево и 5 во Лазарополе.

Фото: МИА архива