Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. За време на викендов се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.

Во Берово, Лазарополе и Попова Шапка утрово беше најстудено, – 3 степени, а натопло во Гевгелија пет степени.

Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот -2 степени се измерени во Маврови Анови, 0 во Крива Паланка, 1 во Скопје-Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија, Струмица, Крушево, два во Претор, Виница и Куманово, три во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Битола, Прилеп, Велес и Кавадарци.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд, 1 литар на метар квадратен наврнал во Битола.

Времето во текот на ноќта и изутринава беше поменливо облачно со слаб ветер од променлив правец.

Фото: МИА архива