Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските и претпладневните часови во југоисточните делови од земјата ќе има повремена појава на слаб дожд кој ќе преминува во слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината наутро магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 10 степени.

Поради продор на постудена воздушна маса ќе има појава на слаб снег, а до среда ќе се задржи северниот ветер кој повторно ќе засилува.

В среда и четврток краткотрајно ќе биде стабилно, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има појава на слаб дожд, на планините понекаде ќе провејува снег. Утринските температури до крајот на работната недела ќе бидат во опаѓање, соопшти УХМР.

УХМР: Времето во наредните денови

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

За утре најавено е да дува умерен, а вдолж Повардарието, засилен северен ветер. На места, температурата ќе биде и минус седум степени Целзиусови. Се очекува максималната температура да достигне 12 степени Целзиусови во Гевгелија.

За во Скопје најавена е минимална температура од минус три степени Целзиусови. Максималната се очекува да достигне до 10 степени Целзиусови.

– Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови, најавуваат синоптичарите.

Фото: МИА архива