Времето во Република Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на планините снег, особено попладне и кон крајот на денот.

Ќе дува умерен северен ветер. Во ноќните часови повремен снег ќе има и на некои повисоки места.

Утринската температура ќе се движи од минус 5 до минус 1, а дневната од 4 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 3, а дневната ќе достигне до 8 степени.

За време на викендот ќе има зголемена облачност со умерен северен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса во ноќните часови кон недела и во недела претпладне врнежите на места ќе преминуваат во снег и ќе бидат со послаб интензитет. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.