Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, од пладневните часови со врнежи од дожд, на места пообилни, кои ќе се задржат до крајот на денот.

Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 17 до 26 степени. УВ=5

Во Скопје облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во првите два дена од работната седмица ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, а температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Од среда следува стабилизација на времето со зголемување на температурите.