Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу осум и 18, а дневната ќе достигне од 26 до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за локална појава на град.