Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието на места засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -6 до 0, а дневната од 9 до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -3, а дневната ќе достигне до 13 степени.

До четврток ќе преовладува сончево време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните од среда ќе бидат во пораст. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд.