Претпладне во Македонија претежно облачно. Од пладневните часови, почнувајќи од запад, ќе има врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде.

На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Врнежите пообилни ќе бидат во западните делови, локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад од снег, но со послаб интензитет. И во вторник ќе се задржи променливо облачно време со слаб локален дожд. Од среда ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.