Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала облачност.
Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец. Попладне ветерот ќе се промени во северен и во горниот дел на Повардарието ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од 19 до 27 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје претпладне сончево, а попладне променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд. Попладне ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 25 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и свежо време со умерен до засилен северен ветер. Претпладне ќе има сончеви периоди, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во вторник и среда.
2020-05-23 21:06:44, од