Времето во Република Македонија ќе биде променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната 13 до 18 степени.

Во Скопје претежно облачно време со умерен до засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Под влијание на влажен бран во понеделник на повеќе места ќе има врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. Од вторник ќе има пораст на дневната температура.