Денеска во Македонија времето ќе биде променливо облачно.
Претпладне ќе биде со повеќе сончеви периоди, а попладне претежно во северните делови со локален пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 21 степен, а максималната до 39 степени Целзиусови. УВ индексот е 7.
Во Скопје слично време со утринска температура од 18 и максимална до 37 степени.