Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремен локален слаб дожд во западните и крајните источни делови од државата.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 19 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Во понеделник ќе настапи преодно стабилизирање, а во вторник повторно ќе биде променливо облачно со локален дожд.

Според прогнозата на УХМР, температурите до вторник ќе бидат без поголеми промени, а во среда ќе дува северен ветер и ќе има благ пад на дневната температура.