Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и со локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времето во наредните денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, во вторник од западен, а потоа од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи.
Утрово најниската температура во земјава од 12 степени е измерена во Лазарополе, Попова Шапка и во Маврови Анови. Како што соопшти УХМР, следуваат Берово со 13 степени, 15 во Крива Паланка, Охрид, 16 Битола, Претор, Дебар, Тетово, 17 Скопје–Петровец, Демир Капија, Струмица, Крушево, Виница, 18 во Прилеп, Штип, Дојран, Скопје–Зајчев Рид и 19 степени во Куманово, Велес, Кавадарци и во Гевгелија.
Најмногу наврнат воден та за изминатите 24 часа до 08 часот од 10 л/м2 има во Демир Капија, 7 во Виница, 5 Гевгелија 3 Радовиш – Пожар, 2 Кавадарци и 1 л/м2 во Штип, Дојран и во Крушево.