Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините претпладне со појава на магла. Во западните делови ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 3, а дневната од 7 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне облачно со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне 9 степени.

За време на викендот под влијание на циклонска активност и влажна воздушна маса ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од јужен правец. Поради продор на постудена воздушна маса во недела врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На планините ќе се формира нова снежна покривка.