Променливо облачно време со повремени сончеви периоди најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд во западните и северните делови од Македонија.
Ќе дува слаб до умерен, а на места повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 26 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и во вечерните чсови ќе има повремени врнежи од дожд во делови од котлината. Температурите ќе се движат од минимални 8 до максимални 22 степени.
Утрово најстудено со два степена, на Попова Шапка, каде изминатото деноноќие се измерени и најмногу врнежи, седум литри на метар квадратен.
Како што информира УХМР, до 08:30 часот било 5 степени во Лазарополе и Маврови Анови, 6 Крушево, 7 Берово, 8 Крива Паланка, 9 Претор, Виница, Кавадарци, Демир Капија, 10 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Тетово, Куманово, Прилеп, Охрид, Битола, Велес и Струмица, како и 14 во Гевгелија.
Водниот талог до осум часот утрово изнесува 4 литри на метар квадратен во Берово, Крива Паланка, Виница и Претор, како и 3 во Скопје-Петровец, Маврови Анови, Лазарополе, Охрид и Велес, како и еден литар на единица површина во Крушево, Куманово и Штип.