Времето во Република Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе провејува снег.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус 1, а дневната од минус 2 до 7 степени.

Во Скопје променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дувам умерен ветер од северен правец.  Утринската температура ќе се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 3 степени.

Од сабота ќе преовладува стабилно време со постепен пораст на дневната температура.