Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Според УХМР, до недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, над 60 километри на час, а утринската температура наместа ќе се спушти под нула степени. Од понеделник следува стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.

Утринава најниски температури се измерени на Попова Шапка -5 степени Целзиусови и во Маврови Анови -1 степен, додека во повеќе градови низ земјата температурите се движеа околу нулата. Највисока температура од 6 степени е измерена во Гевгелија и Куманово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи од дожд се регистрирани во Крива Паланка – 18 литри на метар квадратен, во Виница – 13 и во Пожаране – 11литри на метар квадратен. Врнежи имаше и во повеќе други делови од државата, но со помал интензитет.

Фото: архива