Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност претпладне, а попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. УВ индексот ќе биде 7.

Утринската температура ќе биде од 12 до 19 степени Целзиусови, а максималната од 23 до 35 степени.