Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура од шест до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до 11 степени.

Потоа следува период на стабилно и потопло време.