Времето во Република Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од попладне облачноста ќе се зголемува.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 5, а дневната од 7 до 16 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од попладне облачноста ќе се зголемува..  Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Во текот на ноќта и во четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време, а пораст на дневната температура се очекува од недела.