Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 4, а дневната од 12 до 18 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има магла, а попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени.

И во понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Од вторник се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.