Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен западен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус осум, а дневната температура ќе се движи од осум до 13 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен западен ветер.
Утринската температура до минус три степени, а дневната температура ќе достигне до девет степени.
Следува претежно стабилно и потопло време со слаб до умерен ветер од северозападен правец.