Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје,  сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Во сабота времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник се очекува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.