Денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 степени Целзиусови, а максималната температура преку денот од 25 до 34 степени. УВ индексот е 9.

Попладне во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.