Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV=7

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност попладне. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

УХМР најавува дека следува период на претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде во попладневните часови ќе има ретка појава на краткотраен дожд со грмежи. Температурите ќе бидат без значителни промени.

Во Лазарополе и Берово утово е измерена темепратура од 9 степени Целизусови. Следат Маврови Анови со 11, 12 Попова Шапка, 13 Крива Паланка, Битола, Претор, Тетово, 14 Прилеп, Скопје-Петровец, Охрид, 15 Крушево, Струмица, 16 Куманово, Кавадарци, Демир Капија, 17 Скопје-Зајчев Рид, 18 Штип, Велес и 19 Виница во Гевгелија, соопшти УХМР.

Фото: МИА